Војната во Украина може да заврши во следните 90 дена

24
EPA/PETER FOLEY

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витекер, изјави дека во преговорите за Украина моментално се разгледуваат четири документи, наведувајќи дека Вашингтон се обидува да ги утврди максималните отстапки што Русија е подготвена да ги направи за да се стави крај на војната.

Во интервју за „Фокс њуз“, тој рече дека страните сега се поблиску до мир од кога било досега, но дека „топката е во дворот на Русија“.

Витакер додаде дека војната во Украина би можела да заврши во следните 90 дена, „иако руските напади говорат сами за себе за намерите на Москва“.  Тој нагласи дека администрацијата на Трамп работи за мир и ќе изврши притисок врз двете страни за да се стави крај на конфликтот. Исто така, потсети на изјавата на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс дека не е можно со сигурност да се каже дали ќе се постигне мир, бидејќи многу зависи од Москва.

-Русија е единствената страна што не покажа загриженост за сопствените загуби, рече Витакер.

 

ИЗДВОЕНИ