вторник, март 3, 2026
Дома СВЕТ Војната нема да трае со години, тврди Нетанјаху

Војната нема да трае со години, тврди Нетанјаху

40
EPA/AVI OHAYON / GPO

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека очекува војната против Иран да не трае со години, како другите конфликти во регионот.

„Реков дека може да биде брзо и одлучувачко. Можеби ќе потрае некое време, но нема да трае со години. Тоа не е бесконечна војна“, изјави Нетанјаху за „Фокс њуз“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првично предвиде дека војната ќе трае четири до пет недели, но со проширувањето на воените операции на Израел врз цели на Хезболах во Либан и иранските напади врз земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американските бази, тој изјави дека ова не е реален рок, пренесува Срна.

ИЗДВОЕНИ