Европските лидери го уништија мирот, но ќе имаат шанса да го постигнат ако ги поддржат напорите на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на претстојната средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Војна или мир? Трамп сака мир, па затоа ќе разговара со Путин во петок. Сега и европските лидери ќе имаат шанса. Ја пропуштија можноста за мир, но сега можат да ја поправат. Треба да направат само едно – да го поддржат претседателот Трамп. Се надевам дека нема да ја пропуштат“, напиша Орбан на Фејсбук.