Војаж им е хит над хитовите на битолските чупиња! Балканскиот рапер на мега-концерт во градот под Пелистер на 19 јули

872

Публиката во Битола одвај чека да ги слуша во живо најслушаните: „Гад”, „Ла-ла-ла” и „Танго”, кои веќе одамна се дел од секојдневието на македонските тинејџери. Така да концертното лудило наречено Војаж наголемо се крчка. Битолскиот Широк сокак ќе има за што да прераскажува!

Популарниот рапер Михајло Веруовиќ, многу попознат како Војаж, за 19 јули на голема радост на армија негови македонски фанови закажува спектакуларен концерт на отворено во Битола на Ракометното игралиште, кое инаку, има место како што велат жителите на градот под Пелистер „за половина Битола“.                                    Дали така ќе биде и за концертот на овој многу популарен балкански рапер, останува да видиме. А, дотогаш еве некои интересни информации за него: подолго време важи за еден од најбараните изведувачи, иако има само 20-ина години. Постојано настапува по клубовите и дискотеките низ Балканот и Европа, полнејќи ги до последно место. Воедно раперот има и милионски прегледи на дигиталните платформи.

Малкумина знаат дека татко му на времето беше главен телохранител на некогашниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Македонските тинејџери многу го обожаваат Војаж. Тој има и такви некои песни со текстовите кои се чиста провокација: „Ајде дојди ми тука, намини во доцните часови да ти го соблечам….накитот“! Војаж, песната ја пее полугол од својот кревет. Во приватниот живот тој е едно сосема нормално белградско момче кое има голема желба да им ги исполни желбите на своите најблиски и најсакани.

-Мојата најголема желба е да ѝ изградам куќа на мајка ми. Купив парцела и почнав да градам. Кога мајка ми слушна дека ќе ѝ изградам куќа, секако дека се расплака од радост. Исто така сакам да купам стан за мојот помал брат. Тој ми е полубрат, но јас го сакам со сето срце. Потоа и да отворам кафуле. Имам и неколку бизниси во најава, а тие се поврзани со дигитален маркетинг. Морам толку многу да работам, бидејќи ако се откажам ќе нема кој. Од неколку мои работи се прехрануваат шест семејства. Затоа не смеам да ги оставам гладни и на улица, раскажа еднаш загрижениот Војаж.

Со својата музика тој ја спојува уличната култура со современата музичка продукција. Песните не само што му се хитови, тие се секако и одговор на генерацијата која расте во светот на компјутери и паметни мобилни телефони. Повеќе од сигурни сме дека публиката во Битола одвај чека да ги слушне во живо најслушаните:„Гад”, „Ла-ла-ла” и „Танго”, кои веќе одамна се дел од секојдневието на македонските тинејџери.

Така да концертното лудило наречено Војаж наголемо се крчка. Битолскиот Широк сокак ќе има за што да прераскажува. Особено и затоа што Војаж подготвува мошне интересен имиџ. Да речеме, полугол, само по светкави боксерки и со синџири околу вратот. Нели, доволно за врескањето на тенијџерките.Тие уште отсега се на штрек со своите мобилни телефони. Да направат најдобри фотографии со својот миленик.

Впрочем, Војаж им е хит над хитовите на битолските чупиња!                                       (Д.М.) фото:Инстаграм

 

 

ИЗДВОЕНИ