Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година. Конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување.
-Ги повикуваме сите заинтересирани млади лица кои својата иднина ја гледаат како дел од институцијата со најголема доверба кај граѓаните, идни офицери во македонската Армија, кои имаат завршено (4 – годишно) средно образование и не се постари од 21 година, да ги достават своите пријави заедно со потребната документацијата наведена во Конкурсот, во деловодството на Воената академија или електронски на следниов меил: [email protected] најдоцна до 20.06.2025 година – се наведува во објавата.
Сите заинтересирани кандидати за Конкурсот за втор циклус на студии, можат да се пријават најдоцна до 12.09.2025 година на следните магистерски студиски програми:
-Безбедност и одбрана
-Управување со кризи и заштита и спасување
-Сајбер безбедност и дигитална форензика.
Подетални информации може да пронајдете во самите конкурси кои се објавени на веб страната на Воената Академија,
https://ma.edu.mk/competitions/250528-konkurs-za-zapishuvane-studentipitomci-za-potrebite-na-ministerstvoto-za
https://ma.edu.mk/competitions/250528-konkurs-za-zapishuvane-studenti-na-vtor-ciklus-na-studii-na-voenata-akademija, каде што се достапни сите детали во врска во општите услови, критериумите, роковите како и постапката за спроведување на конкурсите во целост.