Воена парада во Кина: Спектакл на моќ и дисциплина!/ВИДЕО

47

Еден од највпечатливите моменти од воената парада во Кина се случи пред да биде испукан првиот почесен топовски плотун. Претседателот Шји Џинпинг го поздрави севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со долго ракување, а потоа го поздрави и рускиот претседател Владимир Путин.

Потоа тројцата лидери се упатија кон трибините заедно за да ја гледаат парадата, објавува Би-Би-Си.

Тоа беше прв пат Шји, Путин и Ким да бидат видени јавно заедно, и тоа во време кога знаеја дека цел свет ќе ги гледа. Реакцијата на Трамп на нивната средба покажа дека вниманието не го привлече само воената моќ што ја покажа Кина, туку и кон политичкиот театар што го придружуваше настанот.

Она што следеше беше внимателно кореографирана демонстрација на сила и дисциплина. Сите стоеја во совршено прави линии, војниците маршираа во совршен склад, а секој тропање на чизмата одекнуваше низ трибините на плоштадот Тјенанмен пред 50.000 гости.

Потоа на парадата беа претставени нови оружја – меѓу нив интерконтинентална балистичка ракета, ласерски системи и „роботски волци“. Публиката посегна по своите мобилни телефони за да ги долови моментите пред небото над Пекинг да биде исполнето со надлетување на борбени авиони, проследено со илјадници бели гулаби и балони.

Овој настан, одржан по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, не беше само потсетник на минатото на Кина. Тоа беше претстава на иднината: Шји во улога на глобален лидер кој стои покрај двајцата најсанкционирани лидери во светот, додека пред неговите нозе стои армија која се гради за да му конкурира на Западот, заклучува Би-Би-Си.

ИЗДВОЕНИ