Од странските пејачи неговиот миленик е Синатра. Обожава и песни со Звонко Богдан, како и оние далматински, медитерански….
Пејачот на македонската фолк музика Спасен Силјаноски и интерпретатор на мегахитот “Ќе ти дојдам“ а, воедно и водител на семејната тв-емисија “Везилка“ мошне добро е познат кај нашата публика. Има многу обожаватели, а поради својот атрактивен манекенско-војнички изглед, најмногу го сакаат девојките и жените. Затоа и самиот вели дека пејачот освен што треба да знае да пее, треба и добро да изгледа. Според него фановите сакаат да видат на сцената, на малиот екран, секако и убав човек.
– Што се однесува до исхраната работите се малку поинакви. Точно е тоа дека јадам традиционални македонски јадења. Тоа се селски домашни пиперки, селска пита, мусака, гравче-тавче, јајца со патлиџани. Интересно е што многу сакам лазањи и ако е тоа италијанско јадење. Гледам лебот да не го конзумирам и ако оној под вршник е највкусен. Гледам здраво да се хранам. Но со оглед на мојата естрадна работа не секогаш јадењето ми е под контрола. Некогаш и по цел ден не јадам. Потоа седнувам и се прејадувам. Знам јас дека тоа воопшто не е добро за желудникот, цревата, мозокот, за организмот. Ќе морам под итно на поработам на тој проблем. Да престанам со тие лоши навики. И ако немам проблем со вишокот на килограми. Меѓутоа внимавам што пијам. Ракија пијам само од мојата домашна, а во жешките летни денови, како што се овие, сакам понекогаш пиво да испијам. Во теретана одам, го сакам фитнесот, сакам да возам точак, да сум на чистиот воздух.
Спасен важи за комуникативен и пријатен лик. Се си кажува директно и искрено, затоа и на некои не им одговара бидејќи вистината ги боли. Никогаш не е намуртен и секогаш е добро расположен. За доброто расположение задолжени се семејството, децата, сопругата, родителите, а тоа му го прави и музиката според неговиот вкус. – Од странските ги обожавам песните на славниот Синатра. Исто така и далматински, медитерански и песните со Звонко Богдан. Ни на сон не можам да ги поднесам оние турбо-фолк песните, кои ми одат на нерви!
Многу ги почитува родителите, а неодамна на својот татко и преку ФБ му го честиташе 70-роденден што е инаку, реткост кај денешните млади. Обожава да оди во селото од каде што потекнува, а тоа е селото Пополжани во околината на Кичево. Манстирот Св. Пречиста е неговата духовна инспирација, како што му е и Бигорскиот манастир.
Спасен е голем љубител на животните! Најмногу ги сака шарпланинците. Неговиот миленик е шарпланинец Оскар. – Тој е на селото кај моите. Во Скопје чувам едно маче. Кога сум нервозен или разочаран, мачето ми праќа позитивни вибрации кои ме смируваат.
(Д.М.) фото: приватна архива