Водечките партии одбија да формираат влада: Радев најави вонредни парламентарни избори во Бугарија

16
EPA/PHILIP FONG / POOL

Бугарскиот претседател Румен Радев денес изјави дека во таа земја ќе се одржат вонредни парламентарни избори откако водечките партии одбија мандат за формирање влада.

Денес, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но и таа партија го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела, објави Ројтерс.

„Одиме на избори“, рече Радев.

Ниедна од бугарските партии или коалиции нема доволно места во фрагментираниот парламент за да собере стабилно мнозинство. Владата на премиерот Росен Жељасков, од популистичката партија ГЕРБ, го стави својот мандат на располагање минатиот месец по неколку недели улични протести против државната корупција и новиот буџет што би ги зголемил некои даноци.

 

ИЗДВОЕНИ