недела, јануари 25, 2026
Дома СКОПСКА Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење  

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење  

35

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода. Тоа го покажуват анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе локации низ градот спроведени во Секторот за санитарна контрола при  јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 01.12.2025 година до 05.12.2025 година зема 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Скопје.

ИЗДВОЕНИ