Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода. Тоа го потврдуваат испитувањата и анализите на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.11.2025 до 21.11.2025 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Скопје.












