Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањето на примероците вода од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 23.06.2025 година до 27.06.2025 година зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.




![[Интервју] Пројковски: Театарот треба да го каже она за што другите молчат](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/11/prr-450x300.jpg)







