Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Пехчево информира дека според добиените резултати од анализите на мострите од водата за пиење, водата во моментот не е безбедна за директно консумирање.
Од претпријатието апелираат граѓаните да ја користат водата за готвење само по претходно превривање.
При тоа, посочуваат дека се преземени сите потребни мерки за технолошки третман и за дезинфекција на водата.
– Повторно се земени мостри за анализа од акредитирана лабораторија, а јавноста ќе биде навремено информирана по добивањето на новите резултати – се вели во соопштението од ЈКП „Комуналец“.