– По месноста Пешти водата во Бабуна не е за капење. Таа е со загаденост по микробиолошки индикатори и со присуство на амонијак во трета категорија. Ова јасно кажува дека населбата што се изгради таму директно влијае на квалитетот на водата, во отсуство на систем за собирање на отпадни води, канализација. Слична е состојбата и со реката Тополка. Со години таму по т.н. индустриски дел, по „Порцеланка“, таа не е за капење, водата е загадена – вели д-р Снежана Петрова од Центарот за јавно здравје – Велес
Водата во реките Тополка и Бабуна во долниот тек не е за капење, ниту за рекреација, информираат од Центарот за јавно здравје – Велес.
– По месноста Пешти водата во Бабуна не е за капење. Таа е со загаденост по микрибиолошки индикатори и со присуство на амонијак во трета категорија. Ова јасно кажува дека населбата што се изгради таму директно влијае на квалитетот на водата, во отсуство на систем за собирање на отпадни води, канализација. Слична е состојбата и со реката Тополка. Со години таму по т.н. индустриски дел, по „Порцеланка“, таа не е за капење, водата е загадена – вели д-р Снежана Петрова од Центарот за јавно здравје Велес.
Со децении, информацијата за квалитетот на водите кои велешани ги користат за рекреација во лето се објавуваше во текот на јули, додека годинава на крајот на летото. Добра е состојбата на водите во базените од хотелите каде има бројни гости, пред сè деца.
– Се случуваа мали отстапувања, но веќе следното контролно мерење, беше во ред – рече д-р Петрова.
Таа додаде дека колегите од Центарот за јавно здравје – Велес за состојбата со водата во реките Бабуна и Тополка ги информирале надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.