Агенцијата за храна и ветеринарство, преку Секторот за инспекциски надзор ПЕ – Берово, донесе решение бр. 26-730 од 6 ноември 2025 година со кое се забранува користење на водата од водоводната мрежа во Берово за пиење и готвење.

Преку соопштение на својата фејсбук-страница, од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ информираат дека според решението, водата од јавниот водовод што ја одржува претпријатието може да се користи исклучиво како техничка вода, сè додека не се доведе во безбедна состојба и сè додека не ги исполни стандардите за вода за пиење.

Забраната е воведена поради отстапување во физичко-хемиската анализа на водата, односно утврдена е зголемена концентрација на манган, што е спротивно на вредностите пропишани со Правилникот за вода за пиење.

На ЈПКР „Услуга“ Берово му е наложено да преземе соодветни мерки за преработка и прочистување на водатам со цел нејзино усогласување со стандардите за безбедност.

Општина Берово апелира до граѓаните да ја користат водата од водоводната мрежа само за технички цели, додека лабораториските анализи од акредитирана лабораторија не потврдат дека е квалитетот во границите пропишани со Правилникот.

Состојбата ќе трае до добивањето на резултатите, кои ќе ја потврдат исправноста на водата за пиење. 

 

ИЗДВОЕНИ