Водата да се користи наменски

19

Јавното претпријате „Стрежево“ – Битола ги повикува сите водокорисници на рационално и наменско користење на водата, со цел да обезбедиме доволни количини за сите култури и непречено наводнување до крајот на сезоната.

-Се забранува самостојно пуштање на делнични цевководи од страна на граѓани, бидејќи тоа претставува сериозен ризик за појава на штети и може да предизвика прекин во водоснабдувањето за останатите корисници – наведуваат од претпријатието и апелираат на одговорно однесување и почитување на процедурите.

 

ИЗДВОЕНИ