Водачот на руската шпионска мрежа во Велика Британија Орлин Русев денеска е осуден пред судот во Лондон со казна од речиси 11 години затвор, пренесе „Ројтерс“. Обвинителите наведоа дека Русев (47) собирал разузнавачки податоци за Кремљ.
Тој на судот се изјасни за виновен по една точка од обвинението која го товари за завера за шпионажа во корист на Русија. Полицијата пронајде илјадници пораку меѓу него и Јан Марсалек, кој ја предводеше мрежата на бугарски разузнавачи од странство, пишува „Ројтерс“.
Судијата Николас Хилијард го осуди Русев на затворска казна од 10 години и осум месеци.
Хилијард истакна дека операциите кои ги водел Русев претставувале сериозен ризик по британската национална безбедност, пренесува „Танјуг“.