сабота, февруари 7, 2026
Дома СКОПСКА Во завршна фаза паркингот во средното училиште „Илинден“

Во завршна фаза паркингот во средното училиште „Илинден“

53

Проектот за изградба на нов паркинг-простор во рамки на Средното  општинско стручно училиште „Илинден“ е во завршна фаза.

Паркинг-просторот е на површина од приближно 550 квадратни метри и е со капацитет за околу 30 возила. Тој ќе се користи за потребите на училиштето, со што ќе се овозможат подобри услови за работа и поголема сообраќајна уреденост во непосредната околина.

Од Општина Илинден информираат и дека е во завршна фаза и реализацијата на проектот за поставување нова заштитна ограда околу спортскиот комплекс „Драго Маневски“. Во рамки на активностите се изведуваат бетонски работи и се поставува ограда во должина од околу 250 метри, со што значително ќе се зголеми безбедноста на сите корисници на спортскиот простор.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека ваквите проекти се насочени кон подобрување на условите за функционирање на образовните институции, како и кон унапредување на функционалноста и безбедноста на спортската инфраструктура.

–Општина Илинден продолжува со посветена реализација на инфраструктурни проекти кои придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните и создавање современи услови за образование, спорт и рекреација – велат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ