Во завршна фаза натпатникот на влезот во Гевгелија

37

Во завршна фаза е реконструкција на натпатникот на влезот во Гевгелија, односно со дел од булеварот „Гевгелија“.

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, информираше дека течат градежните активности за поставување хидроизолација со полимерна мрежа како подготовка за асфалтирање на завршниот горен слој. Во наредната фаза следува замена на заштитната ограда по целата должина на мостот.

Проектот опфаќа: реконструкција на тротоарите по целата должина, поставување нова заштита ограда на мостот, замена на старите дилатациони ленти (споеви на мостот) и изградба на атмосферска канализација на критичните точки за одведување на дождовната вода.

– Покрај овој зафат, се реализираат и други три инфраструктурни проекти, меѓу кои и изградбата на нов модерен кружен тек. По нивното завршување тие ќе придонесат за целосна трансформација на влезот во градот, но и за долгорочно и квалитетно решение – нагласи Сарамандов.

Истовремено, тој упати и апел до учесниците во сообраќајот за зголемено внимание и трпение поради одвивањето на градежните активности кои поради специфичноста на теренот ги отежнуваат условите за одвивање на сообраќајот.

 

ИЗДВОЕНИ