Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во населбата Осми Ноември, покрај коритото на река Брегалница. Станува збор за имплементирање на проект од Програмата за меѓугранична соработка со Општина „Гоце Делчев“ од Република Бугарија, со кој се предвидува создавање повеќе зелени површини, чиста животна средина и нови места за релаксација на граѓаните.
– На површина од еден хектар се финализира паркот кој ќе служи за релаксација на луѓето кои ја користат велосипедско – пешачката патека, со дополнителна содржина, урбана опрема која посакувам да остане и да се сочува. Се работи на три локации, се создава нова зелена површина – изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Носител на проектот е Центарот за развој на ИПР, и од таму истакнаа дека во наредниот период ќе има иницијативи за повеќе зелени површини во сите општините од истокот.
– Центарот за развој на ИПР со овој проект започнува десетгодишна регионална стратегија за зелена инфраструктура, и како да се трансферираат зелените делови во урбана инфраструктура, со што ќе се градат паркови и други зелени површини – рече Трајче Здравков.
Ова е еден од трите паркови површини коишто се реалзираат и имплементираат преку ИПА 3 Програмата за меѓугранична соработка.












