Во завршна фаза е проектот за намалување на загубата на вода со 2.000 водомери обезбедени од Министерството за животна средина, а со Општина Кавадарци како официјален нарачувач.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, информираше дека монтажата на водомерите се спроведува согласно со претходно изработена теренска анализа и стратегија, изготвена од ЈП „Комуналец“ – Кавадарци.
– Целта е прецизно и правилно поставување на уредите во реоните каде што е најнеопходно тоа. Со оваа активност, Општина Кавадарци прави значаен чекор кон унапредување на водоводниот систем и поефикасно управување со водните ресурси, во интерес на граѓаните и заштитата на животната средина – истакна Јанчев.
Изведувач на работите е компанијата „Техноскоп“ од Скопје.












