epa10478901 Boris Becker appears on the red carpet as a pre-photocall for the premiere of the movie 'Boom! Boom! The World vs. Boris Becker' as guests arrive for the red carpet of the premiere of the movie 'Disco Boy' during the 73rd Berlin International Film Festival 'Berlinale' in Berlin, Germany, 19 February 2023. The in-person event runs from 16 to 26 February 2023. EPA/CLEMENS BILAN

БЕКЕР ЗА ХОРОРОТ ШТО ГО ДОЖИВЕА ВО ЗАТВОРОТ: Седеше на маса со закоравени романски криминалци, а потоа настана хаос: „Дојдоа во мојата ќелија да ме плеснат“

Познатиот германски тенисер Борис Бекер заврши зад решетки на крајот од 2022 година поради финансиски измами. Бекер беше осуден по три точки за злоупотреба на имот, непријавување имот и прикривање долгови. Осуден е на две и пол години затвор, а по осум месеци поминати во затворите Вандсворт и Хантеркомб во Велика Британија, е ослободен и депортиран.

Во интервју за германскиот „Дојче Цајтунг“ се присети на својот затворски живот.

Познатиот ас призна дека престојот зад решетки имал сериозни последици врз неговото ментално здравје и дека неговата сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро била негова најголема поддржувачка во тие моменти.

„Таа бесконечност ја јаде душата и го кине умот. Брзо сфаќаш дека затворот всушност го водат затворениците. Разговорот со сопругата по телефон беше единствениот начин да останам. До октомври спиев во тренерка и чорапи. Некои ноќи во ќелијата беше толку ладно што спиев во две јакни и два пара чорапи, со пешкир околу главата“, открива Бекер.

Тој вели дека изгубил седум килограми во првите четири недели во затвор.

„Причините биле емоционален стрес, малку храна, без алкохол, без слатки. Вечерата се сервирала во 16 часот. Сопругата со црн хумор рече: „Борис, толку многу ослабе, не треба ли да прашаме дали можеш да останеш подолго?“

Германецот тврди дека не добил преференцијален третман. Морал да се бори за почитта на другите затвореници и чувари.

„Работев со месеци за да се етаблирам како сигурна и почитувана фигура меѓу чуварите.“ Мојата позиција како учител по филозофија и должностите во затворската теретана ми помогнаа во ова“.

Тој им се додворуваше на закоравени криминалци и тоа речиси го чинеше. За да го помине времето, реши да игра покер со група романски затвореници, се задолжи и мораше да побара помош за да избегне тепање.

„По една игра покер со романски затвореници што траеше неколку дена, завршив со долг од 500 фунти (околу 600 евра)“, призна тој. „Секако, беше глупаво и неодговорно да се игра покер со такви луѓе…“ вели Бекер и открива:

„По тенисот, играв покер професионално некое време и си помислив, што може да ми се случи? Само малку забава од страна. Но, играв со вистински криминалци, кои доаѓаа во мојата ќелија и се обидуваа да ме удираат кога не можев да платам. Да не го решеше проблемот пријател надвор од затворот со плаќање, денес ќе бев сосема поинаква личност“, признал Германецот.

Бекер вели дека никогаш нема да го заборави периодот што го поминал во затвор и истакнува дека искуството целосно му го променило животот.

Последиците сè уште се чувствуваат.

„Затворот го носиш со себе во твојот нов живот. Можам да заспијам само ако вратата од спалната соба е целосно затворена. Во креветот лежам толку блиску до работ што речиси паѓам. Кога спијам, дури и најголемиот душек се претвора во тесен кревет. Не сум психолог, но можам да кажам дека сè беше различно пред затворот“, вели Германецот.

ИЗДВОЕНИ