Во заедничка акција на „Европол“: Запленети се 780 килограми кокаин, уапсени се 14 лица во три земји

356
Фото:википедија

Полициската агенција на Европската унија Европол соопшти дека повеќе од 780 килограми кокаин се запленети и 14 лица се упасени во операција изведена во Белгија, Германија и Италија.

Во операцијата, изведена во месец април годинава, учествувале властите на Белгија, Германија, Италија и Швајцарија, како и Еуроџаст, агенција на ЕУ за сортаботка во областа на правосудството.

Во Белгија се упасени 11 лица, во Гермаија две, а во Италија едно. Извршени се претреси во 11 куќи и е откриена една подземна лабораторија, се наведува во соопштението.

Трансконтинеталната криминална мрежа ја предводело италијанско семејство, кое било во контакт со снабдувачи во Колумбија и хемичари во Белгија, пишува во соопштението.

Групата, која се занимавала и со трговија на хероин и перење пари, увезла големи количества кокаинска паста, испратена кон европските пристаништа. Во Европската унија се чувала во магацини во Белгија, кои се користени како лаборатории за процес на синтеза.

 

ИЗДВОЕНИ