Во Вашингтон врие по протекувањето на снимката со Виткоф – итно се бара смена на човекот на Трамп, „тој е предавник“

193
epa12223528 Steve Witkoff, US special envoy to the Middle East, looks on during a dinner with US President Donald Trump (not pictured) and Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu (not pictured) in the Blue Room of the White House in Washington, DC, USA, 07 July 2025. Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu told President Donald Trump he nominated him for the Nobel Peace Prize, using a visit to the White House to further cement the pair’s relationship as the US presses for a ceasefire in Gaza. EPA/AL DRAGO / POOL

Политичка бура го тресе Вашингтон откако беше објавена протечена снимка од специјалниот претставник на САД за Украина, Стив Виткоф, кој наводно го советува Кремљ како да преговара со Доналд Трамп за мировен план. Бројни американски пратеници, и републиканци и демократи, реагираа луто и побараа негово итно разрешување, а некои дури го нарекоа и предавник, објавува „Гардијан“.

Републиканскиот претставник Дон Бејкон беше меѓу првите што побараа разрешување на Виткоф.

„За оние кои се противат на руската инвазија и сакаат Украина да преовладува како суверена и демократска земја, јасно е дека Виткоф е целосно проруски ориентиран“, напиша претставникот од Небраска на социјалната мрежа „Икс“.

„Не може да му се верува да ги води овие преговори. Дали руски платен агент би направил помалку од него? Треба да биде отпуштен“, додаде тој.

Неговиот колега републиканец од Пенсилванија, Брајан Фицпатрик, напиша дека протекувањата се „огромен проблем“ и „една од многуте причини зошто овие смешни споредни претстави и тајни состаноци мора да престанат“. Тој побара на државниот секретар Марко Рубио да му се дозволи „да си ја врши работата фер и објективно“.

Демократскиот претставник Тед Лиу беше уште поостар, нарекувајќи го Виткоф „вистински предавник“. „Стив Виткоф треба да работи за Соединетите Американски Држави, а не за Русија“, рече тој.

Снимка од телефонски повик од 14 октомври, објавена од „Блумберг“, го покажува Виткоф како разговара со Јуриј Ушаков, врвен советник за надворешна политика на Владимир Путин. Виткоф наводно рекол дека за мир ќе биде потребно Москва да ја преземе контролата врз Донецк и потенцијално дополнителна украинска територија.

„Сега, ви велам, знам што е потребно за да се постигне мировен договор: Донецк и можеби размена на територии некаде“, рече Виткоф, според транскриптот. „Но, велам, наместо да зборуваме така, ајде да разговараме со поголема надеж бидејќи мислам дека ќе постигнеме договор тука.“

Виткоф, исто така, му дал на Ушаков тактички совети, вклучително и како рускиот лидер треба да му пристапи на Трамп. Тој предложи, меѓу другото, да се организира телефонски разговор меѓу Трамп и Путин пред планираната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа.

Во средат, Ушаков ја потврди автентичноста на повикот до рускиот државната телевизија, сугерирајќи дека целта на протекувањето на снимката била да се „нарушат“ преговорите. За време на разговорот, Ушаков рече дека Путин ќе му честита на Трамп и ќе го нарече „вистински миротворец“.

Самиот Трамп застана во одбрана на својот претставник. „Тоа е она што го прави преговарачот. Мора да кажете, видете, тие го сакаат ова, мора да ги убедите во ова“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“. „Тоа е многу стандардна форма на преговори“. Тој додаде дека претпоставува дека Виткоф „им го кажувал истото на Украина“.

Во меѓувреме, специјалниот претставник на претседателот за специјални мисии, Ричард Гренел, побарал отпуштање на оној што ја пуштил снимката во јавноста, а не на Виткоф.

„Пронајдете го оној што го објавил видеото и веднаш отпуштете го. Нема изговори. „Анонимен извор е ризик за националната безбедност“, напиша тој на социјалните мрежи.

 

ИЗДВОЕНИ