понеделник, февруари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во употреба ставена нова градинка, листата на чекање се сведува на нула

Во употреба ставена нова градинка, листата на чекање се сведува на нула

386

За само осум дена од новата година, во функција е ставена четвртата градинка, овој пат во Гевгелија, која е опремена со надгледни средства и има нов кадар. Со оваа нова градинка, листата на чекање за слободно место се сведува на нула.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека многу градинки, училишта, базени се привршуваат и наскоро ќе бидат пуштени. Тоа се објекти што почнаа да се градат или да се реконструираат со парите од Владата по првиот и вториот повик.

-Продолжуваме со засилена динамика и во 2026 година, која ќе биде година на реформи, односно на крупни проекти во образованието, градежништвото, енергетиката, економијата, земјоделството – рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ