Украинската служба за безбедност (СБУ) синоќа соопшти дека големиот напад на воени аеродроми во Русија предизвикал штета на авијацијата од седум милијарди долари.
„Седум милијарди американски долари. Ова е проценетата штета на стратешката авијација на непријателот, која беше погодена денеска како резултат на специјалната операција „Пајажина“ спроведена од СБУ“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.
Се додава дека биле погодени 34 отсто од авионите со стратешки крстосувачки ракети.
Агенцијата Франс прес објави дека оваа информација не може да се провери од независни извори.
Руските власти претходно денеска објавија дека неколку нејзини воени авиони се запалиле за време на голем напад со украински дронови и додадоа дека ги привеле осомничените.
„Во регионите Мурманск и Иркутск неколку авиони се запалија по лансирањето на беспилотни летала FPV од областа во непосредна близина на аеродромот“, напиша руското Министерство за одбрана на Telegram.
Беспилотните летала FPV (First Person View) им овозможуваат на своите пилоти да гледаат слики од земјата во живо, како да се внатре во неа.
Во неделата Украина изврши редок напад во големи размери, насочени кон аеродроми лоцирани илјадници километри од нејзините граници.
Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина цели на аеродроми во регионите Мурманск, Иркутск, Иваново, Рјазан и Амур, но предизвикала штета само на првите две локации.
Украина редовно лансира беспилотни летала од нејзината територија за да ја нападне Русија како одговор на нападот започнат во февруари 2022 година.
Украинска специјална операција ја шокираше Русија: Сибир првпат е нападнат со дронови/ВИДЕО