Пожарите избија во текот на ноќта во пошумените планини околу Бурса брзо се проширија, обојувајќи го ноќното небо над источното предградие на градот со црвен сјај. Десетици силни шумски пожари ја погодуваат земјата секојдневно од крајот на јуни, а владата во петокот прогласи две западни провинции, Измир и Билеџик, за подрачја на катастрофа.
Канцеларијата на гувернерто на Бурса соопшти денеска дека 1.765 се безбедно евакуирани од селата на североистокот, додека повеќе од 1.900 пожарникари се борат со пламенот. Автопатот кој ја поврзува Бурса со престолнината Анкара беше затворен затоа што гореа околните шуми.
Пожарникар почина од срцев удар додека бил на должност, рече градоначалникот на градот Мустфа Бозбеј, додавајќи дека пламенот изгоре 3.000 хектари околу градот. Орхан Сарибал, опозицискиот парламентарец за покраината, ја опиша сцената како „апокалиптична“.
Невообичаено високите температури за оваа сезона, сувите услови и јаките ветрови ги потткнуват шумсктие пожари.
Генералниот директорат за метеорологија соопшти дека Турција во петокот во југоисточната провинција Сирнак забележала најголема температура во историјата од 50,5 степени Целзиусови. Највисоки температури во јули беа забележани на уште 132 локации.