Невообичаен обид за избегнување сообраќајни казни е забележан во Тетово, откако непознато лице ја покрило камерата од системот „Сејф сити“ со парче платно, со цел да се оневозможи снимањето на прекршоците.
Наместо да ја намалат брзината или да ги почитуваат сообраќајните правила, некој решил да „се снајде“ на поинаков начин – физички да ја блокира камерата што автоматски ги регистрира прекршувањата. Со овој потег, уредот е оневозможен да ја врши својата функција.
Иако на социјалните мрежи ваквите потези често се коментираат со доза на иронија како „снаодливост“, од правен аспект станува збор за попречување на службено дејствување, што може да повлече сериозни последици.
Ги „маскирале“ таблиците за да не ги „уловат“ камерите на „Сејф сити“ – полицијата ги уапси












