Во тешка сообраќајна несреќа на патот Дебар-Струга животот го загуби мотоциклист од Кичево

74

Триесет и тригодишен кичевчанец е загинат во сообраќајката што попладнево околу 14:30 часот се случила на патот Дебар-Струга, во близина на дебарското село Отишани, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Сообраќајката се случила меѓу патничко моторно возило „пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот скопјанец Б.Г. и мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки кој бил управуван од 33-годишниот Б.Р.

Како што додаваат од СВР Охрид на местото на сообраќајната незгода, животот го загубил мотоциклистот, а неговата смрт била констатираана од екипа на Итната медицинска помош од Дебар.

ИЗДВОЕНИ