Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека е во тек исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година.
Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Тие можат да ги подигнат средствата во сите отворени филијали и експозитури на банките.












