четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во тек е голема координирана полициска акција на повеќе локации во Скопје...

Во тек е голема координирана полициска акција на повеќе локации во Скопје и во Струмица поврзана со опојна дрога

166

Министерството за внатрешни работи соопшти дека, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, презема мерки и активности на повеќе локации во Скопје и Струмица поврзани со опојна дрога.

Од МВР информираат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на акцијата.

Според информации објавени од дел од медиумите, синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје.

Попладнево, под силно полициско обезбедување, десетина комби-возила, пет до шест камиони и повеќе полициски возила влегоа во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што од синоќа се спроведуваат интензивни претреси. Пристапот до локацијата е целосно оневозможен, а просторот е затворен за јавноста.

Наводно, во акцијата се вклучени повеќе институции – полицијата, царината, здравствени служби и јавното обвинителство, а фокусот е насочен кон мрежа на таканаречени „легални“ производители на канабис.

ИЗДВОЕНИ