петок, февруари 27, 2026
Дома КУЛТУРА Во Театарот за деца и младинци се подготвува нова претстава – „Садако...

Во Театарот за деца и младинци се подготвува нова претстава – „Садако сака да живее“

16

Во Театарот за деца и младинци се подготвува нова претстава насловена „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ.

Како што соопштија од ТДМ на својата ФБ-страница, во тек се пробите за новата претстава, која е инспирирана од животот на Садако Сасаки, девојчето од Хирошима родено во 1943 година.

– Тоа е мало, а големо, мирно, а смело, нежно, а упорно, кое ја претворало секоја ситница во игра и во живот. Ова е претстава за волјата што не се предава, за љубовта и надежта што се посилни од стравот, посветена на сите деца со соништа за посветла иднина – посочуваат од ТДМ.

Во претставата улогите ги толкуваат актерите: Анастасија Ласовска (како Садако), Никола Наковски, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Изабела Новотни и Марија Ѓорѓијовска.

Сценографијата е на Давор Молнар, костимографијата на Зденка Лацина, обликувањето кукли на Кирил Василев, музиката на Ивана Ѓула и Лука Врбаниќ, а преведувач и драматуршки соработник е Драгана Лукан-Николоски.

Премиерата на „Садако сака да живее“ е најавена за 13 март, во 19:00 часот.

ИЗДВОЕНИ