Во тампоните пронајден пестицид кој предизвикува рак и Паркинсонова болест

165
Foto: Pexels

Глифосат, пестицид поврзан со рак и Паркинсонова болест, беше пронајден во многу високи нивоа во тампоните.

Во тампоните се пронајдени нивоа на токсичниот пестицид во количини 40 пати повисоки од дозволените во водата за пиење. Станува збор за глифосат, пестицид поврзан со ракот, објавија организациите Pesticide Action Network UK (Pan UK), Women’s Environmental Network и Pesticide Collaboration во ОК.

Ова е многу загрижувачко, според авторите, бидејќи хемикалиите апсорбирани преку вагината директно влегуваат во крвотокот, заобиколувајќи ги системите за детоксикација на телото. Тоа значи дека дури и мали траги од хемикалии во директен контакт со вагината може да предизвикаат здравствени ризици.

Истражувачите тестирале 15 кутии тампони од различни популарни брендови. Во тампоните во една од кутиите е пронајден глифосат на ниво од 0,004 mg/kg. Максималното ниво на остаток во Обединетото Кралство и ЕУ за вода за пиење е 0,0001 mg/kg, што го прави 40 пати повисоко од дозволените нивоа на глифосат во водата за пиење, објави Гардијан.

Глифосатот е најкористениот хербицид во светот, но прегледот на Меѓународната агенција за истражување на ракот, дел од Светската здравствена организација, го класифицира убиецот на плевелот како „веројатно канцероген за луѓето“. Исто така, се поврзува со развојот на Паркинсоновата болест, а новото истражување предизвикува загриженост за други сериозни здравствени состојби.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ