Последното истражување спроведено во Соединетите Американски Држави (САД) покажа дека поради зголемениот број на милијардери во таа земја може да дојде до сериозен недостиг од финансиски советници.
Дека денес во светот има се повеќе ултрабогати поединци потврдува и најновата листа на магазинот Форбс, според која во 2025 година во светот има 3.028 милијардери, чие заедничко богатство е 16,1 трилиони долари.
Оваа бројка на милијардери е без преседан, па услугите на финансиските советници се сè побарани.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, проблемот е што стапката на зголемување на бројот на милијардери не ја следат соодветниот број финансиски советници, така што наскоро ќе ги нема доволно.
Бројот на финансиски советници во САД порасна за 0,3 отсто на годишно ниво во последните десет години, а се очекува да се намали за 0,2 отсто во наредните години поради пензионирањето на многу експерти, додека нема доволно нови.
Компанијата „МекКинси“ во најновата студија посочува дека поради ова до 2034 година може да има недостиг до 110.000 експерти.
Овој тренд не е ограничен само на САД, бидејќи е сè потешко да се најдат финансиски советници и во Европа.