Крвави судири меѓу сопернички банди во еквадорски затвор: Мртви се 13 затвореници и чуварот на затворот/ВИДЕО

43

Еквадорската полиција соопшти дека 13 затвореници и еден чувар се убиени, а 14 други се повредени во судири меѓу сопернички банди во затвор во Еквадор денес.

Жителите во близина на затворот во југозападниот град Мачала пријавиле дека слушнале експлозии и истрели во раните утрински часови, јавува Би-Би-Си.

Шефот на полицијата Вилијам Кале изјави дека непознат број затвореници избегале за време на инцидентот, но дека досега 13 се повторно заробени.

ИЗДВОЕНИ