Во судир на автобуси во Танзанија настрадаа најмалку 37 лица, а 30 се повредени

23

Во судир на два автобуси на северот на Танзанија загинаа најмалку 37 лица, а 30 се повредени, соопштија денеска официјални лица.

Судирот се случил синоќа во областа Сабасаба во регионот Килиманџаро, а автобусите при судирот се запалиле.

Претседателката на Танзанија Самија Сулуху Хасан изрази денеска длабоко жалење и сочувство на семејствата на настраданите како и на регионалниот комесар на Килиманџаро Нурдин Бабу.

Таа повика на построго одржување на безбедноста во сообраќајот, а идентитетите на жртвите се уште не се утврдени.
Во Танзанија и понатаму често се случуваат сообраќајни несреќи, и покрај бројните владини кампањи за згоремување на безбедноста во сообраќајот.

ИЗДВОЕНИ