Слободни се 4.264 места во студентските домови во Скопје, Штип, Битола, Тетово, Охрид и Прилеп. За Скопје најмногу слободни места има во студентскиот дом „Гоце Делчев“ односно 1212 места. во ДСД „Пелагонија“ има 997 места, а во ДСД „Томе Стефановски Сениќ“ има 335 слободни места. Поради реконструкција на студентските домови „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ тие остануваат затворени, а според најавите, студенти во овие домови ќе може да бидат примени од вториот семестар.
Започна електронско пријавување за сметување на студентите во државните и приватните студентски домови за учебната година 2025/2026. Пријавувањето ќе трае до 31 јули и може да се пријават сите студенти од втора и повисоките години и апсолвенти.
– Студентите од прва година, односно бруцошите ќе може да се пријават веднаш по завршувањето на уписите во периодот од 10 до 17 септември – соопштуваат од Министерството за образование и наука (МОН).
Апликациите за сметување во студентските домови ги пополнуваат по електронски пат на страната http://e-uslugi.mon.gov.mk на која треба да ги прикачат потребните документи. Студентите може да конкурираат само за еден студентски дом.
Според конкурсот, слободни се вкупно 4.264 места во домовите во Скопје, Штип, Битола, Тетово, Охрид и Прилеп. Од нив, 851 место се наменети за бруцоши, а 3.413 за студентите од повисоките години.
Поради реконструкција на студентските домови „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје тие остануваат затворени, а според најавите студенти во овие домови ќе може да бидат примени од вториот семестар.
За Скопје најмногу слободни места има во студентскиот дом „Гоце Делчев“ односно 1212 места. во ДСД „Пелагонија“ има 997 места, а во ДСД „Томе Стефановски Сениќ“ има 335 слободни места. За Битола во ДСД „Кочо Рацин има вкупно 385 слободни места. Во Прилеп во ДСД „Орде Чопела има 330 места.
Во Охрид во ДСД „Никола Карев“ има 242 се слободни места. Во Штип на располагање на студентите им три дома и тоа ДСД „Браќа Миладиновци“ кој е државен студентски дом и во кој имама место за 236 додека пак за двата приватни дома ПСД „Хилјадников“ има 60 и ПСД „Логос“ има 52слободни места.
Во Тетово има два студентски дома и тоа се државниот студентски дом „Тетово“ во кој има место за 295 студенти и приватниот ПСД УЈИЕ со 120 места.
Конечниот список за примени студенти од втора и повисоките години ќе биде објавен најдоцна до шести септември, а за бруцошите конечниот список ќе биде објавен најдоцна до 30 септември.
Примените студенти ќе може да се вселат од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.
(С.Би.)