Поранешен агент на француската тајна служба е уапсен во Стразбур под сомнение дека нарачал силувања на деца во Африка, изјави денес извор близок до случајот.
Тој е осомничен за „тешка трговија со луѓе, силување и сексуален напад врз малолетници“ и „снимање, увоз и дистрибуција на порнографски слики од малолетник со помош на електронска комуникациска мрежа“, објавија француските медиуми.
Мажот, пензиониран воен офицер, е осомничен дека нарачал силување на деца во Африка, особено во Кенија, каде што патувал на професионални мисии и плаќал и организирал сексуална злоупотреба од далечина, снимајќи ги сцените што потоа ги гледал за да ги задоволи своите криминални нагони, објавија медиумите.
Видеата биле забележани на интернет од Американската фондација за борба против детскиот криминал, која потоа ја известила француската полиција, поточно Канцеларијата за малолетници, која ја спроведе истрагата и го уапси.