Сојузот на независни синдикати на Србија (СССС) и синдикатот УГС Независност на седница на Економско-социјалниот совет ќе предложат минималната плата за 2026 година да се зголеми на 600 евра или 70.000 динари, објавија српските медиуми.
Според советникот за економски прашања на Независност, Зоран Ристќ, до овој износ е дојдено со анализа на минималната и на просечната потрошувачка кошничка.
– Долго време укажуваме дека минималната потрошувачка кошничка реално не ги одразува потребите на граѓаните. Ќе предложиме да се зголеми часовната плата од 400 на 405 динари, односно минималната плата да биде околу 70.000 динари – рече Ристиќ.
Тој додаде дека Синдикатот ќе го постави и прашањето за зголемување на другите плати во јавниот сектор, во текот на преговорите, бидејќи зголемувањето на минималната плата го намалува распонот во однос на другите плати, па затоа се изедначени тие.
Сега минималната плата е 53.592 динари (457 евра), од 1 октомври треба да се зголеми за 9,4 отсто, на 58.630 динари.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна изјави дека минималната плата од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 550 евра или 64.460 динари.