Една од најпопуларните водителки во Македонија, која редовно ја следиме на фреквенцијата на телевизијата „Канал 5“, Татјана Стојановска, сподели неколку интересни фотографии од кои може да се „открие“ тајната на нејзината долгогодишна убавина. Па не за џабе своевремено беше мис на Македонија. Еден од нејзините рецепти за добар изглед подразбира и вежбање со тегови, кои ни малку не се лесни.
Сепак, Татјана ја држи волјата да биде во топ-форма. Ние би рекле, и мажите да плакнат очи кога ќе ја видат, било на ТВ- екран било во живо, сеедно. Нејзината физичка убавина е тука постојано. И кога е средена, нашминкана, дотерана за да ги презентира вестите од дома и од странство. Но, и кога е во хеланки во кои вежба, Татјана е Татјана. Жив пример за женска убавина. Воедно, и пример за добро познатата мисла дека годините треба да ни се само обичен број. (Д. М.)