Најмалку 21 спортист загинаа во сообраќајна несреќа во Нигерија, соопштија официјални лица.
Спортистите се враќале од Национален спортски фестивал на југозападот од земјата кога нивниот автобус ја изгубил контролата и паднал од мост, објави Анадолу. Возилото, кое превезувало 35 патници, претежно спортисти и службени лица, изјави висок функционер.
Претседателот на државната спортска комисија, Умар Фаги, за агенцијата Анадолу по телефон изјави дека „спортистите патувале во автобус што ѝ припаѓал на Спортската комисија на државата Кано кога паднал од мост“.
Преживеаните од несреќата биле однесени во болница. Поранешниот нигериски потпретседател Атику Абубакар изрази „длабока тага“ поради смртта на спортистите, опишувајќи ги жртвите како „најдобри во нашата нација, посветени, талентирани и полни со ветувања“.
„Срцето ми е скршено од веста за трагичната несреќа во која загинаа 21 спортист од државата Кано, кои се враќаа од Националниот спортски фестивал во Абеокута“, рече тој.
Националниот спортски фестивал е голем спортски настан во Нигерија кој привлекува спортисти од различни земји, пренесува Танјуг.