понеделник, февруари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во сообраќајна несреќа на булевар „Србија“ повредени се три младичи

Во сообраќајна несреќа на булевар „Србија“ повредени се три младичи

97

Три момчиња на возраст од 18,19 и 23 години се повредени во сообраќајка што се случила доцна синоќа на булевар Србија.

– На 06.01.2026 околу 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Србија“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч.(63) од Прилеп, со престој во Скопје и трицикл „томос“, управуван од М.С.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.С. и неговиот сопатник С.Р.(23), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник од трициклот И.С.(19), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, известија од МВР во дневниот билтен.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ИЗДВОЕНИ