среда, февруари 11, 2026
Дома БАЛКАН Во снежна лавина во Грција смртно настрадаа четворица планинари

Во снежна лавина во Грција смртно настрадаа четворица планинари

1370

Четири планинари загинаа во лавина на планината Вардусија, во регионот Фокис во централна Грција, според агенциите.

Планинарите беа пријавени како исчезнати во четврток вечерта, а нивните роднини изјавија за државната телевизија ЕРТ дека не можеле да ги контактираат по телефон поради недостаток на сигнал.

Спасувачката и потрагата по тројцата мажи и една жена започна рано во петокот, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Се верува дека 30-годишната жена која починала е партнерка на еден од мажите.

ИЗДВОЕНИ