Сирија гласа на парламентарни избори првпат по падот на Башар ал Асад. Како што пренесува Би-би-си, нема директно гласање за Народното собрание, кое ќе биде одговорно за законодавството во текот на преодниот период. Наместо тоа, „изборните колегиуми“ ќе избираат претставници за две третини од 210. места. Привремениот претседател, Ахмед ал Шара, ќе ги назначи другите.
Долгогодишниот поранешен претседател, Асад, беше соборен од силите на Шара пред 10 месеци, по 13-годишна граѓанска војна. Изборите се одложени во две провинции контролирани од Курдите и во една каде што имаше борби меѓу владините сили и милициите на Друзите.
Во говорот одржан на Генералното собрание на ОН минатата недела, кој беше прв на сириски претседател за 60 години, Шара вети дека ќе ги изведе пред лицето на правдата сите одговорни за крвопролевањето, како и оние што извршиле злосторства под Асад.
Изборите ги надгледува Високиот комитет за избори на сириското Народно собрание, чии 11-мина членови беа избрани од претседателот во јуни.