Во близина на Тулуз, во југозападна Франција, полицијата пронашла 55 студенти по медицина кои биле делумно голи и врзани за дрвја, објави во четвртокот Фигаро, повикувајќи се на сигурни извори.
Весникот известува дека на 24 септември, полицијата открила 55 студенти во шумата Букон во близина на Тулуз, од кои некои биле во долна облека, некои биле врзани за дрвја и со затнати усти, и дека тројца студенти биле однесени во болница.
Обвинителството во Тулуз наведува дека станува збор за студенти по медицина од втора година на Медицинскиот факултет во Тулуз.
Јавното обвинителство започна истрага за тешко малтретирање, загрозување на животите на другите и насилство.
Обвинителството наведува дека на местото на настанот биле присутни вкупно 55 француски студенти, а некои од нив биле во многу пијана состојба.