Во наредните месеци во Штип ќе биде отворена фабрика за производство на компоненти за монтажни базени, која ќе овозможи 30 до 50 нови работни места. Ова го обелодени градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, во рамки на посетата на Италија, во Торино.
Тој истакна дека остварил средба со Фабио Каросо, регионален советник од Италија, на која како што информира ја прецизирале и потврдиле новата инвестиција во Штип.