понеделник, февруари 16, 2026
Дома СВЕТ Во Северна Кореја отворена населба за „среќен живот“ на семејствата на корејските...

Во Северна Кореја отворена населба за „среќен живот“ на семејствата на корејските војници што загинаа во Русија

48
epa12745279 A photo released by the official Korean Central News Agency (KCNA) shows North Korean leader Kim Jong Un (C) and his daughter, Kim Ju Ae (center L), attending the opening ceremony of Saeppyol Street, a new housing district dedicated to the families of fallen soldiers in the Hawasong area of Pyongyang, North Korea, on 15 February 2026 (issued 16 February 2026). According to KCNA, Kim inaugurated the new housing district on 15 February in Pyongyang for families of troops who have died in overseas military operations. EPA/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, отвори нов станбен комплекс во Пјонгјанг, за семејствата на војниците што загинаа во прекуокеанските воени операции, објави државната новинска агенција КЦНА во понеделникот.

Во говорот, Ким рече дека новата населба ги симболизира „духот и жртвата“ на паднатите војници, додавајќи дека домовите се наменети за ужалените семејства да „бидат горди на своите синови и сопрузи и да живеат среќно“. Според договорот за меѓусебна одбрана со Русија, Северна Кореја во 2024 година испрати околу 14.000 војници да се борат заедно со руските војници против Украина. Според јужнокорејски, украински и западни извори, повеќе од 6.000 од нив биле убиени.

Фотографиите објавени од КЦНА го покажуваат Ким како, придружуван од својата ќерка, Џу Ае, ги теши членовите на семејството на паднатите војници при посетата на нивните новоизградени домови. Неговата ќерка, за која се верува дека има околу 13 години, во последните три години го придружува на сè поголем број настани, вклучувајќи ракетни тестови, воени годишнини и големи национални прослави, што е знак дека државниот пропаганден апарат постепено ја зголемува нејзината видливост.

Сè почесто се поставува прашањето дали Ким ја подготвува својата ќерка тинејџерка за свој наследник. Но, според британски „Телеграф“, можно е таквата одлука да предизвика борба за власт во владејачкото семејство. Според весникот, кој се повикува на јужнокорејското разузнавање, во тој случај Џу Ае би можела да се соочи со својата тетка Ким Јо Џонг (38), полусестра на нејзиниот татко, која се смета за втора најмоќна личност во земјата и ужива силна поддршка во рамките на Работничката партија и на воениот естаблишмент.

Ким Јо Џонг би можела да се обиде да ја преземе власта во случај на смрт или неспособност на својот брат, а со оглед на минатите практики на династијата Ким, секој потенцијален конфликт „веројатно, нема да биде без крв“. По две години откако ја презеде власта од својот татко, Ким Џонг Ил, во 2011 година, Ким Џонг Ун го уапси, а потоа и го егзекутираше својот чичко, Џанг Сонг Тек, обвинувајќи го за „антипартиски и контрареволуционерни активности“. Исто така, постариот полубрат на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Нам, беше убиен во 2017 година, на аеродромот во Куала Лумпур, со нервен агенс.

ИЗДВОЕНИ