Во септември и во октомври на Балканот лето, во ноември снег

50

Според прогнозата на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози за следните шест месеци, цел септември на Балканот ќе биде топол, а натпросечна температура ќе има и во октомври. Но, веќе кон крајот на ноември, можат да се очекуваат првите снегулки.

По летната температура од над 30 Целзиусови степени последниве денови, од четвртокот Македонија и дел од Балканот дочекаа заладување, некаде проследено со дожд и невреме.

–Кога температурата е околу 30 степени, тогаш секогаш можете да очекувате жешкиот период да заврши со лошо време. В петок времето ќе се смири, како и во сабота – ќе биде малку посвежо. Потоа в недела повторно ќе биде облачно, но моделите нема да дадат толку многу дожд како в четврток. После тоа, времето ќе се стабилизира до крајот на летото, до 22 септември, со температура од 26 до 31 степен“, изјави српскиот метеоролог Иван Ристиќ гостувајќи на ТВ-Прва.

Европскиот центар за среднорочни временски прогнози во шестмесечната прогноза најавува дека октомври и ноември ќе бидат малку потопли од нормалното, но регионот ќе биде под влијание на антициклон и не би требало да има многу дожд.

Во октомври се прогнозира температурата да се движи меѓу 17 и 22 степени, а утрата да стануваат сè посвежи. На почетокот на ноември се очекува температура од 10 до 15 степени, а кон крајот на месецот, поточно на 26 ноември, треба да падне првиот снег. Според моделот на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози, декември и јануари ќе бидат облачни, мрачни и магловити, а можен е и повремен снег.

ИЗДВОЕНИ