понеделник, март 2, 2026
Дома СКОПСКА Во СЦ „Борис Трајковски“ отворена новата сезона на лизгалиштето со перфектен мраз

Во СЦ „Борис Трајковски“ отворена новата сезона на лизгалиштето со перфектен мраз

901

Лизгалиштето при спортскиот центар „Борис Трајковски“ викендов ја стартуваше новата зимска сезона, со ново осветлување, перфектен мраз и освежен визуелен изглед.

Според Управата на СЦ „Борис Трајковски“, оваа година љубителите на лизгањето ќе уживаат во одличните услови на лизгалиштето.

– Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ја започнува новата сезона со целосно обновена енергија и свеж изглед. Целта е да се понудат совршени услови за сите посетители кои ќе го користат лизгалиштето во претстојните зимски денови – нагласуваат од СЦ „Борис Трајковски“.

 

ИЗДВОЕНИ