Во САД угинаа голем број пчели, засега никој нема одговор зошто

193

Во Соединетите Американски Држави се регистрирани голем број на угинување на медоносни пчели кои се бројат во милиони, а ентомолозите од Државниот универзитет во Вашингтон наведуваат дека американските пчелари оваа година би можеле да изгубат од 60 до 70 отсто од нивните колонии.

Истражувањето на американските инспектори за пчеларници откри дека пчеларите изгубиле 55 отсто од нивните колонии минатата година, што е највисока стапка на смртност откако почнале да водат евиденција во 2011 година, објави Индипендент.

“Тоа влијае на безбедноста на храната за сите нас. Овошјето и зеленчукот се опрашуваат од пчели, а ние ги сакаме нашите овошја и зеленчук. Го сакаме нашето кафе опрашувано од пчели. Често го земаме ова здраво за готово”, изјави за Индипендент ентомологот д-р Јулијана Рангел од Универзитетот А&М во Тексас.

ИЗДВОЕНИ