Во Рим осамна мурал на италијанска уметница на кој е прикажан Нетанјаху како го бакнува Хитлер/ФОТО

181
epa12123524 Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu addresses a press conference in Jerusalem, 21 May 2025. EPA-EFE/RONEN ZVULUN / POOL

Италијанската уметница позната како Лаика го привлече меѓународното внимание со најновиот мурал во Рим на кој е прикажан израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како го бакнува нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Муралот е наслове „Конечно решение“ при што се мисли на планот на Хитлер за уништување на еврејскиот народ, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Како што се наведува, ова дело претставува критика на актуелната израелска војна во Појасот Газа и на тоа што предизвика големи цивилни жртви.

Уметницата изјави за италијанските медиуми дека избрала толку екстрмен приказ со цел да го привлече вниманието на медиумите и на јавноста.

Таа додаде дека израелската влада со поддршка на САД и ЕУ спроведува „системска операција на уништување на палестинскиот народ“.

Уметницата на Инстаграм наведе дека новата израелска офанзива во Газа е „конечно решение на ужасно етничко чистење“.

Лаика исто така ги повика Италија и ЕУ да воведат санкции за Израел поради војната, забележувајќи дека Европа ја санкционира Русија поради Украина, но кон „израелските воени злочини усвои помел
Таа порача дека Италија и Германија повторно избраа да бидат на погрешната страна на историјата, како и дека никаква лекција не е научена од минатото.

ИЗДВОЕНИ